7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

ЕВЕ КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО ГОЛЕМАТА ИНФЛАЦИЈА

Речиси и нема земја во светот која не се соочува со зголемена инфлација во оваа пандемиска криза, а проблем се пред се граѓаните кои сега треба да се „снајдат“ со повисоките цени на основните производи и услуги.

Дури и најсилната светска сила се соочува со поголемите цените, што малкумина го очекуваа на почетокот на пандемијата, додека сè уште не беше јасно до каде ќе одат работите. Имено, самиот американски претседател Џо Бајден призна дека инфлацијата во САД станува сериозен проблем.

Американците во голема мера се соочени со „шокантни“ цени на пазарите, но и на бензинските пумпи, кога зборуваме за цената на горивото. Индексот на трошоците на животот се зголеми за 6,2 отсто во октомври, што е највисоко ниво од 1990 година, пишува CNBC.

Цените, пред се, скокнаа во прехранбениот и енергетскиот сектор, а еве неколку универзални совети како граѓаните да се справат со високите цени на производите и услугите, што е можно побезболно.

Примарниот начин за неутрализирање на инфлацијата е купување на акции.  Тогаш производите имаат попусти, па дури и нешто да не ви е потребно во моментот, ќе ви биде понатака. Но при купување на акции може да заштедите голема сума на пари, бидејќи производите ги добивате по пониски цени, што значи повеќе пари ќе останат во семејниот буџет.

Прилагодувањето на вашите очекувања за заработка е исто така важна ставка. Идеално, вашиот приход треба да расте со иста стапка како и инфлацијата. Ако не, можеби ќе треба да ја намалите потрошувачката. Ова е особено точно за пензионерите, кои предвидуваат да живеат од одреден дел од своето портфолио. Променливите трошоци, како забавата, се почетната точка. Ограничете го вашиот буџет на основните трошоци.

Одличен начин за борба против растот на цените е да ги поправите вашите трошоци, т.е. за подобро управување со долговите. Ова се однесува, да речеме, на рефинансирање на хипотеки што се вообичаена практика во САД, по фиксни стапки од 15 и 30 години. „Да имате хипотека со фиксни трошоци, со фиксна каматна стапка, значи дека трошоците во вашиот живот, кои се едни од повисоките трошоци во нечиј буџет, нема да растат со инфлацијата“, вели еден од експертите, а пренесува CNBC. Исто така, ограничете ја употребата на кредитни картички.

Цената на горивото скока, па можеби не е лошо таму да се направи компромис, бидејќи храната е основна потреба. Некои луѓе практикуваат да одат на работа со автомобил секој втор ден, а можеби сега е време да размислите за користење алтернативен превоз.

Како што растат цените на автомобилите и изградбата на куќи, реновирање на домот еден од начините потенцијално да се направи значителен попуст на овие големи набавки е да се „спојат“. На пример, некои соседи заштедиле толку многу, затоа што во исто време го ангажирале истиот изведувач, кој само еднаш требало да ја донесе опремата. Може да има заштеда од 15 до 20 проценти. Истиот концепт функционира и за купување автомобил. Ако одите во продавница со пријател и секој од вас си купи возило, можеби ќе можете да преговарате за поголем попуст отколку да одите сами, пишува CNBC.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести