По повод одбележувањето на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, претставник на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија положи цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на вечното почивалиште на генерал Михајло Апостолски и пред Споменикот на ослободителите на Скопје.
