8.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 3.666 нови случаи на Ковид-19

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 3.666 нови случаи заразени од коронависрусо, а 19 од нив починале.

Поради кризната здравствена ситуација во згрижување и лечење на заболените владата одлучила да ја вклучи и војската.

“Војската со своите капацитети ќе се вклучи во здравствениот систен во лекување и негување на заболените од ковид-19“, објавила во петокот владата на ЈАнез Јанша.

220 пациенти се на оделенијата за интензивна нега

Како што објавил националниот институт за јавно здравја (НИЈЗ), во последните 24 часа потврдени се 3.666 нови случаи на зараза, а во делот на позитивните тестови поголем е бројот во однос на предходниот ден и изнесува 39,8 отсто. Седумдневен дневен просек на зараза изнесува 3,157, а 14 –дневена инциденција е 1.971. Бројот на хоспитализирани и понатаму расе, а активни случаи се 41.534, објавило министерствотоза здравје.

Во болниците се 981 пациент, од кои 220 се на оделение за интензивна нега.

Бранот е на врвот

Состојбата во пополување на капацитетите е критична.

Матаметичките проекции кажуваат дека четвртиот бран на епидемијата е на самиот врв, со тоа што порастот на хоспитализација ќе продолжи до крај на месецот. Состојбата во болниците ќе биде најтешка во последната недела од ноември, а потоа бројот на хоспитализираните би можел да почне да опаѓа ако сегашните рестриктивни мерки дадат резултат, објавиле медиумите.

Мерките препишуваат широка примена на ковид-потвра со приложување документ за идентификација, скратено работење по локалите и забрана за работење на ноќните клубови и дискотеки, често тестирање на коронавирус на ученици во основните и средните училишта и забрана на поголеми јавни собирања.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести