2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Првпат од почетокот на пандемијата да биде надминат прагот од 50.000 нови случаи за еден ден во Германија

Ова е првпат од почетокот на пандемијата да биде надминат прагот од 50.000 нови случаи за еден ден. Бројот на починати за 24 часа е 235.

Канцеларката во заминување Ангела Меркел вчера го опиша новото зајакнување на епидемијата во земјата како „драматично“, што е особено забележливо од октомври.

„Пандемијата повторно се шири на спектакуларен начин“, рече нејзиниот портпарол, повикувајќи ги регионалните власти, кои се задолжени за здравствените прашања, повторно да воведат мерки за да ја стават ситуацијата под контрола.

Притисокот истовремено се зголемил на одделенијата за интензивна нега и на целиот болнички систем.

Зголемувањето на бројот на заболени се припишува првенствено на релативно нискиот опфат со вакцинација кај германското население, кој изнесува околу 67 проценти.

Неколку најтешко погодени покраини, како Саксонија и Баварија и неодамна Берлин, воведоа нови ограничувања за невакцинираните луѓе.

Од понеделник, Берлин ќе им забрани на невакцинираните лица да пристапуваат во ресторани без тераси, барови, спортски сали и фризерски салони.

Негативниот тест повеќе нема да доволен за влез на овие јавни места доколку лицето не е вакцинирано или не може да докаже дека закрепнало од болеста.

Вкупно 4,9 милиони луѓе биле заразени во Германија од почетокот на пандемијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести