4.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Претрес во гевгелиско, пронајдена дрога, приведено едно лице

Денеска (11.11.2021) околу 06.30 часот во с.Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода С.Ј.(19) од с.Мрзенци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана, додека во дворот од неговиот дом било пронајдено пакување со прашкаста материја.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести