13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ДРАМА: Ја фатил жена му со комшијата

Пораката од Британец кој ја нашол сопругата во кревет со соседот стана вирална поради барањата на мажот.

Посебниот „британски“ стил на пораката многумина го оценија како „пасивно агресивен“, бидејќи во неа мажот побарал од соседот да избегнува „валкани дела“ со неговата сопруга, бидејќи тие не се во отворена врска, пренесува Мирор.

Пораката ја сподели на социјалната платформа „Редит“, а во описот напиша дека дошол дома и ја начекал жена си со соседот, како и дека е прилично сигурен дека неговиот тон во пораката е целосно на место.

– Еј, само сакав да ти кажам дека спиеш со мажена жена и дека не сме во отворена врска, па навистина не треба да практикуваш „валкани дела“ со неа – наведува сопругот во пораката.

Тој додаде дека разбира оти мажот понекогаш е осамен.

– Не ми пречи фактот што сврати кога јас не бев дома. Би било убаво следниот пат кога ќе решиш да го направиш тоа, да ме известиш малку порано, за да ти направам место за паркирање – вели тој.

Наводно скршениот сопруг, пораката ја завршил со „На здравје, број 86“.

Објавата досега е коментирана од 600 корисници на оваа социјална платформа.

Друг корисник изјавил дека и тој е Британец, но дека не може да разбере дали ова е „олимписко ниво на сарказам или нешто пропуштил“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести