Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска одржа работен состанок со новиот шеф на Одделот за соработка при Делегацијата на Европската Унија , Штефан Худолин и претставници на Делегацијата на Европската Унија.
Состанокот е дел од редовните активностите на министерот Спасовски со цел следење на имплементацијата на проектите финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) каде што министерството е краен корисник.
Со оглед на тоа дека овој состанок е прв состанокот од ваков вид на новиот шеф на Одделот за соработка при Делегацијата на ЕУ по преземањето на функцијата, министерот Спасовски и државната секретарка Несторовска му посакаа добредојде на г. Худолин во Министерството за внатрешни работи, посакувајќи му успешна работа и изразувајќи желба за продолжување на успешната меѓусебна соработката помеѓу МВР и Делегацијата на ЕУ.
Шефот на Одделот за соработка Худолин упати благодарност на искрените желби и истакна дека се надева дека веќе воспоставената соработка ќе продолжи и во иднина со несмален интензитет,потенцирајќи дека е особено задоволен од постигнатите резултати во рамки на проектите што во моментот се спроведуваат во министерството.
За време на состанокот беа разгледани и отворените прашања поврзани со спроведувањето на дел од активностите во рамките на ИПА проектите, за кои министерот Спасовски ги информираше претставниците на Делегацијата на ЕУ дека Министерството ги презема сите неопходни активности во делот на исполнување на обврските во рамки на надлежностите, со цел да се обезбеди успешна имплементација и спроведување на предвидените активности и резултати за одржливост на проектите финансирани преку овој инструмент.
Министерот Спасовски во име на Министерството за внатрешни работи и во свое лично име се заблагодари на Делегацијата на ЕУ за досегашната поддршка обезбедена преку европските фондови и потенцираше дека истата е од исклучителна важност за министерството во насока на јакнење на капацитетите и воспоставување на неопходните стандарди за зголемување на ефикасноста во полициското работење.
