6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Гостиварец обвинет за напад врз полициски службеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 49-годишен гостиварец, осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.

На 4 август, обвинетиот нападнал двајца полициски службеници кои вршеле сообраќајна контрола на магистралниот пат Кичево Гостивар. Тој работел како чувар во каменоломот пред кој било паркирано полициското возило за сообраќајна контрола. Додека службените лица имале сопрено возило за проверка, обвинетиот им се приближил и најпрвин започнал вербално да им се заканува и да ги брка. Полицајците го предупредиле да престане со заканите, дека ќе биде приведен и дека целиот настан го снимаат камерите на нивните униформи. Во тој момент обвинетиот се обидел да го скине кабелот од службената камера, а потоа зел лопата која била оставена на страна и започнал со неа да замавнува кон полициските службеници. Тие го совладале и го привеле.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести