1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Во болницата во Козле има 21 дете заразено со Ковид-19

Во Институтот за белодборни заболувања кај децата – Козле е хоспитализирано 21 дете заболено од Ковид-19. Сите деца се во добра општа состојба. Ова за МИА го изјави директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири.

Тој посочи дека хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години.

– Од заболените деца, 80 отсто се на возраст од 8 до 16 години. Две заразени деца се на кислородна поддршка, додаде д-р Зеќири.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести