2.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Одлична диета која трае само 5 дена

Дали ви е потребно брзо чистење, губење на неколку килограми вишок и притоа помош за јакнење на органите за варење и црниот дроб? А со сето тоа и подготовката на оброците да ви одземе само неколку минути и секако да не чини многу? Ако одговорот е ДА тогаш оваа диета со шејкови е одличен избор, и брз и ефикасен начин за само неколку дена да се чувствувате полесно.

ИП шејк диетата се држи пет дена и во тој период е можно да загубите до 4 килограми и тоа без гладување. После пауза од 5 дена диетата може да се повтори. Доколку правите пауза меѓу два циклуса водете сметка оброците да ви бидат помали отколку пред диетата. Одбегнувајте шеќер и масна храна. После 5 дена диета организмот не е спремен повторно да ги прими простите шеќери и маснотиите во количествата кои ги внесувавте претходно, па може бурно да реагира, а тоа подразбира често одење во тоалет, блага мачнина и сл.

План за диета

Сите оброци се исти за сите 5 дена.  Обавезни се 4 шејка дневно, а вашиот избор е дали ќе бидат од овошје, зеленчук или основните. Сепак, шејк од зеленчук е обавезен најмалу еднаш дневно.

Овошните/зеленчуковите шејкови би требало да се пијат веднаш по приготвувањето, а основниот може да стои и до 8 часа во соодветен сад – термос.

Количината која ќе ја испиете не е точно одредена, најдобро е првиот ден малку да експериментирате бидејќи желбата за храна зависи од претходните прехранбени навики, тежината и чувството за глад.Ако користите замрзнато овошје/зеленчук претходно оставете го да се одмрзне – шејкот при консумација треба да биде пријатно топол, не ладен.

Утринскиот шејк се пие меѓу 7 и 9 часот.

Шејк од овошје

Начин на приготвување: Направете шејк од 1/2 л оризово млеко и  80 г едно од слените овошја (свежо или замрзнато): јагоди, капини, малини, вишни, цреши.

Попладневен шејк (се консумира меѓу 12 – 14 часот)

Шејк од зеленчук

Начин на приготвување: исто како и овошниот само се користи зеленчук по избор и тоа до 80 г: обарени брокула, морков, блитва, спанаќ… Ако корстите блитва или спанаќ обавезно додадете сок од четврт лимон за да ја неутрализира оксалната киселина која ја содржи овој зеленчук.

Попладневен шејк (се консумира меѓу 16 – 18 часот)

Исто како и за ручекот со тоа што во изборот може да додадете и домат или 100 мл пасиран домат.

Вечерен шејк (се консумира меѓу 19 – 21 часот):

Шејк од оризово млеко и 1 банана

Не заборавајт – на оваа диета никогаш не треба да сте гладни. Доколку чувствувате глад тука секогаш е основниот шејк кој може да го пиете во неограничени количества!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести