5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Бугарија во вторникот пријави рекорден број починати од Ковид 19

Бугарија во вторникот пријави рекорден број починати по заразување со коронавирусот во еден ден, во периодот кога земјата со најнизок процент на вакцинираност во Европската унија се обидува да се справи со четвртиот бран на епидемијата.

Во изминатите 24 часа бугарските здравствени власти регистрирале 5.286 нови случаи на коронаинфекција, што е помалку отколку во текот на пикот во октомври, но од последици на компликациите кои ги предизвикува болеста Covid-19 починале 334 чица, што е најголем показател од почетокот на епидемијата во земјата,

Повеќе од 8.500 луѓе кај кои е потврден коронавирусот се згрижени во моментов во болниците ширум Бугарија, од кои 734 пациенти се на одделите за интензивна нега, според министерството за здравство.

Бугарија воведе ковид-пропусници за влегување во внатрешните простории на повеќето објекти во октомври, со цел да се сузбие ширењето на инфекцијата и да се забриза вакцинацијата на населнието. Досега само 30 отсто од возрасната популација ги добиле двете дози.

Повеќе од 250.000 луѓе се вакцинирани барем со една доза од вакцините против Covid-19, откако ковид-пропусницатга стана задолжиелната на 21-ви октомври.

Многумина Бугари се скептични кон вакцините, поради недовербата во државните институции, дезинформациите и контрадикторните пораки кои ги испраќаат политичарите во земајта со 7 милиони жители кои на 14-ти ноември ќе се натпреваруваат на веќе третите парламентарни избори оваа година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести