5.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Николоски: 61 пратеник ја потпишаа оваа иницијатива и 61 потпис се доставени до Собранието заедно со оваа иницијатива

Нагласи дека иницијативата ја поднесуваат и е потпишана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, коалицијата АА и А, пратениците од БЕСА и пратениците од Левица.

Николоски посочи дека 61 пратеник ја потпишаа оваа иницијатива и 61 потпис се доставени до Собранието заедно со оваа иницијатива.

-Очекуваме претседателот на Собранието согласно законите и Деловникот, во најкус можен рок да свика седница, нагласи Николоски.

Пратеникот нагласи дека во тек се интензивни разговори со уште неколку пратеници во Собранието и посочи дека очекува во моментот на гласањето да има повеќе од 61 пратеник.

-Ние високо ја цениме работата на Скендер Реџепи, мислам дека неговата изјава беше јасна и дека тој ќе поддржи гласање недоверба на Влада, објасни Николоски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести