Претприемач на грчкиот остров Лимнос направил необична грешка, односно катастрофална затоа што случајно фрлил во контејнер вреќи со ѓубре во кои имало дури 19.000 евра.
Готовината што требало да ја однесе во банка ја ставил во три кеси за ѓубре и ги ставил во багажникот, пренесува списанието Феникс, но ги ставил заедно со кесата во која всушност имало ѓубре. Бидејќи не внимавал, мажот ги фрлил сите кеси во контејнерот и продолжил понатаму, за по кратко време да сфати што се случило.
Погледнав наоколу и забележав дека кесите со пари веќе ги нема. Тогаш веднаш сфатив што сум направил, раскажа подоцна овој Грк. Но, имал среќа кога се јавил во надлежната служба бидејќи набрзо го лоцирале камионот во кој биле парите и ја вратиле целата сума.
