7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Приведен дилер на дрога од гостиварскo

Денеска (07.11.2021) во 13.10 часот полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Л.Ф.(59), бидејќи при претрес во неговиот дом во гостиварско Форино биле пронајдени 13 пакувања со прашкаста материја, четири кутии метадон и повеќе предмети со остатоци со прашкаста материја. Пронајдените предмети и прашкастата материја се одземени за вештачење, а лицето е приведено и задржано во полициска станица. По комплетно документирање на случајот против Л.Ф. ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести