На Граничниот премин Табановце тројца српски државјани приложиле фалисфикувани ПЦР тестови за влез во земјава. Полицијата ги лиши од слобода вчера околу 15:45 часот при обид да ја преминат границата.
По приведувањето, како што соопштија од МВР, српските државјани се предадени на полицајци од СВР Куманово за понатамошна постапка.
