15.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Новак го победи Фриц и влезе во полуфиналето во Париз!

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, успеа да се пласира во полуфиналето на АТП Мастерсот во Париз. Србинот го победи Тејлор Фриц со 2:0 во сетови и 6:4 и 6:3 во гемови. Можеби резултатот не кажува така, но Новак и тоа како си имаше проблеми со Фриц, и мораше на моменти да даде се од себе за да дојде до поен. Сепак на крајот славеше.

Во полуфиналето Ѓоковиќ го чека двобој со Хуберт Хуркач од Полска. Ова за него ќе биде важен меч зошто со пласман во финалето тој ќе го обезбеди и официјално првото место на АТП листата за оваа година.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести