8.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Ако губитникот Заев освоил многу гласови, тогаш ајде на избори

ВМРО-ДПМНЕ: Губитникот Заев ја зема во заложништво цела држава за да се спаси од одговорност.

Денес е 04.11.2021 година, четврти ден откако Заев кажа дека поднел оставка, а таа не е ниту доставена до собранието, ниту се знае кога и дали ќе биде доставена.

Заев излажа. Дали Заев, исто како и Филипче претходно само сака да избега од одговорност и го амортизира незадоволството на народот, за подоцна да рече дека нема да се повлече?

Заев ја турка државата во неизвесност со своето делување да ја зачува фотелјата по секоја цена.

Народот го детронизираше Заев. Заев нема кредибилитет и легитимитет. Заев треба да си замине, но не само тој, туку и целата структура со него.

Потребна е оставка на Заев и нови парламентарни избори час поскоро.

Само со нови избори ќе се преслика волјата на граѓаните во собранието, по што ќе се формира влада која ќе има чиста основа за реализирање на реформи и проекти.

Заев да не ја држи државата заложник и да си даде оставка веднаш, а потоа нови брзи предвремени парламентарни избори.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести