12.8 C
Skopje
четврток, јануари 19, 2023

ХАОС: Приведен кандидат за претседател на Бугарија

По учеството во дебатна емисија на телевизијата БНТ, во вторникот вечерта во првата регионална управа на министерството за внатрешни рабори во Софија е приведен кандидатот за претседател на Бугарија, Бојан Расате.

Претходно во текот на денот, обвинителството во Софија објасни дека претседателскиот кандидат не бил пронајден на ниту една од адресите познати на истражителите.

Во понеделникот, главниот бугарски обвинител, Иван Гешев, побара да му се укине имунитетот на Расате како претседателски кандидат, а Централната изборка комисија му дозволи да остане без одбрана откако беше обвинет за напад на ЛГБТИ клубот „Рејнбоу Хаб“ во Софија.

Врз основа на барањето на Гешев, ЦИК едногласно го одобри укинувањето на имунитетот. Расате ќе биде обвинет за хулиганство со посебна дрскост во соучесништво со други лица, изјави портпаролот на главниот обвинител на Сиjка Милева.

Министерството за внатрешни работи на Бугарија соопшти дека за случајот Бојан Расате е поведена предистражна постапка, на која работата продолжува истражител во градското обвинителство на Софија. За делото што го извршил Расате може да добие затворска казна до пет години.

Единаесет амбасади во Софија на САД, Австралија, Белгија, Данска, Шпанија, Канада, Холандија, Обединетото Кралство, Португалија, Република Ирска и Франција остро го осудија нападот врз невладината организација. ЛГБТИ правата се основни човекови права и ги повикуваме сите Бугари да го отфрлат насилството и нетрпеливоста за кои нема место во ниту едно демократско општество, се вели во ставот на амбасадорите на 11-те земји.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img