6.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Заразен патник со Ковид-19 починал во текот на летот од Истанбул до Хамбург

Посадата на еден патнички авион кој летал од Истанбул до Хамбург при слетувањето ја открила смртта на еден од патниците, за кој се докажало дека бил заразен со коронавирус.

Откако сите патници го напуштиле авионот по слетувањето на аеродромот во Хамбург, еден патник останал на своето место, па посадата, според пишувањето на весникот „Велт“, дури тогаш забележала дека истиот е починат.

Овој случај се случил на 25 октомври, но дури сега бил објавен во јавноста.

Станува збор за 51-годишен патник кој самостојно влегол во авионот за Истанбул и седнал на своето место од авионот.

Тој, според пишувањето на медиумите, имал и други претходни болести, а во текот на летот неговата смрт никој не ја забележал.

„Тој сам патуваше и седеше на местото до прозорецот. Веројатно ја потпрел главата на прозорецот и ги затворил очите поради што сите мислеле дека спие“, изјавила полицијата.

Патникот имал акутна инфекција на коронавирус, а потоа германските власти почнале да ги тестираат сите луѓе кои биле во контакт со починатиот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести