Во Македонија изминатата недела регистрирани сe 2.804 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, што претставува зголемување од 3,7% во однос на претходната недела. Процентот на позитивност се движи од 9,9% до 16,0%, просечно 13,2%,а најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје. Според бројот на жители висока е бројката на позитивни граѓани што живеат во Кавадарци и Неготино
Ова се последните резултати на Институтот за јавно здравје ( ИЈЗ ) од 24 до 31 октомври годинава каде е регистрирано дека растот на бројот на заразени е присутен кај сите возрасни групи.
Во однос на инфицираки лица според пол, во ИЈЗ пријавени се 1.519 (54,2%) лица од женски и 1.285 (45,8%) од машки пол.
– Со статус „оздравени“ се стекнале 2.205 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Во текот на мината недела вкупно се пријавени 38 реинфекции, зголемување од 5,6% во однос на претходната недела-информираат од ИЈЗ.
Од почетокот на пандемијата до 31.октомври вкупно се регистрирани 734 лица кои што по втор пат станале позитивни на ковид-19.
Според нив последната недела битката со коронавирусот ја изгубиле 71 лице, од кои што најмногу во Скопје каде од ковид-19 починале 18 лица, а останатите во 22 градови ширум земјава.
Најголемиот дел од починатите лица припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (5), 40-49 години (5), 30-39 години (2) и од 10-19 години (1 лице).
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ моментално се хоспитализирани 476 лица, а од нив 248 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.
Досега во земјата се направени вкупно 1.386.978 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.
Досега се ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, а 30.852 лица примиле трета доза.Заклучно со 31 октомври вкупно се вакцинирани 805.008 граѓани, а ревакцинирани се 775.825.
