Вчера беа регистрирани нови 495 случаи на заразени со коронавирусот од направени 4.145 тестирања или околу 12 проценти, што е за два отсто зголемување во однос на претходните викенди, кога тој процент се движеше од 6 до 10. Пријавени беа 13 починати лица и 308 оздравени пациенти.
Од новите 495 случаи, најмногу се од Скопје – 228.
Досега во земјата се направени вкупно 1.382.675 тестирања на Ковид-19.
Според епидемиолошки анализи во моментов, половина од активните случаи се во Скопје – 3340, потоа следи Куманово – 422, Велес – 348, Прилеп – 279.
Во последните три месеци, 73 отсто од позитивните случаи на Ковид-19 не биле вакцинирани. Тој процент кај хоспитализираните е 75, а кај починатите 82, покажа анализата на Министерството за здравство, објавена завчера, за период од 6 август до 28 октомври.
Досега се ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, а трета доза примиле 27.300 граѓани.
Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Досега во земјата се направени вкупно 1.382.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.203, бројот на оздравени пациенти е 188.332, на починати е 7.121, а бројот на активни случаи изнесува 6.750.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 88493, Активни 3340
Куманово 12260, Активни 422
Тетово 11014, Активни 142
Прилеп 9478, Активни 279
Гостивар 8004, Активни 26
Битола 7443, Активни 245
Велес 6813, Активни 348
Кавадарци 6303, Активни 248
Охрид 6166, Активни 214
Штип 6160, Активни 214
Струмица 5910, Активни 120
Кичево 4102, Активни 73
Струга 3842, Активни 45
Кочани 3571, Активни 180
Гевгелија 2561, Активни 88
Неготино 2387, Активни 48
Свети Николе 2013, Активни 84
Крива Паланка 1648, Активни 146
Радовиш 1601, Активни 53
Ресен 1594, Активни 50
Дебар 1453, Активни 3
Берово 1252, Активни 35
Делчево 1167, Активни 44
Виница 1091, Активни 37
Пробиштип 1022, Активни 67
Валандово 858, Активни 27
Кратово 650, Активни 33
Богданци 586, Активни 24
Крушево 549, Активни 14
Демир Хисар 491, Активни 40
Македонски Брод 477, Активни 2
Демир Капија 410, Активни 1
Македонска Каменица 361, Активни 45
Пехчево 323, Активни 5
Дојран 150, Активни 8
