6.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Ахмети: Во вториот круг ДУИ победува во Струга, Кичево, Долнени, Чаир, Боговиње, Теарце и Арачиново

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција во партиското седиште оцени дека изборниот процес поминал според очекуваните стандарди. Тој посочи дека во вториот круг извесна е победата на партијата во неколку општини.

„Во првиот круг добивме градоначалник за Липково, Пласница и Сарај. Во вториот круг ДУИ победува во Струга, Кичево, Долнени, Чаир, Боговиње, Теарце и Арачиново“, изјави Али Ахмети.

На крајот од обраќањето до новинарите лидерот на ДУИ рече дека ќе замине во Кичево на прослава за освоеното градоначалничко место со сопартијците.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести