7.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

ПУКНА ЉУБОВТА ПОРАДИ БИЗАРНА ПРИЧИНА: Џиџи Хадид раскина со Зејн Малик

Супермоделот Џиџи Хадид (26) и Зејн Малик (28) повторно раскинаа една година по раѓањето на нивната прва ќерка Каи, пишуваат странските медиуми. Веста за раскинувањето одекна ден откако порталот TMZ ја објави веста дека Зејн е во голема кавга со мајката на Џиџи, поранешната манекенка Јоланда Хадид (57).

Имено, извор близок до Јоланда за TMZ раскажа како пејачот ја удрил минатата недела. Набргу потоа Зејн се огласи на Твитер и жестоко негираше дека бил насилен, но потврди дека имал несогласувања со мајката на неговата избраничка.

– Како што сите знаете, јас сум многу приватна личност и сакам да создадам безбеден и приватен простор за мојата ќерка да порасне. Место каде приватните семејни работи не се фрлаат на светската сцена. Во обид да го заштитам тој простор за неа, се согласив да не ги оспорувам наводите што произлегуваат од расправијата што ја имав со член на семејството на мојата партнерка, кој влезе во нашиот дом додека таа беше отсутна пред неколку недели, напиша Зејн, истакнувајќи дека тоа требаше да биде приватна, семејна работа, но сето тоа „протече“ во весникот.

– Одлучно демантирам дека ја удрив Јоланда Хадид и поради ќерка ми одбивам да дадам било какви дополнителни детали и се надевам дека Јоланда ќе ги преиспита своите лажни обвинувања и ќе тргне кон решавање на овие семејни проблеми приватно – изјави Малик за TMZ.

Сепак, Џиџи вчера беше преку нејзиниот портпарол за Е. News објави изјава во која таа вели дека внимава на својата ќерка, и побара приватност, а извори блиски до парот набрзо го потврдија раскинувањето на славниот пар.

Џиџи и Зејн почнаа да се забавуваат во 2015 година, а оттогаш често се караа и се смируваа. Последен пат ја обновиле својата романса во 2019 година, а една година подоцна го дочекале своето прво дете. Тие ја кријат својата ќерка од очите на јавноста и никогаш не објавиле фотографија од нејзиното лице.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести