6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Во Хрватска се планира намалување на бројот на банкомати

Граѓаните на Хрватска наскоро ќе се соочат со намалена мрежа на банкомати, чиј број, според некои најави, ќе биде речиси преполовен. Хрватското здружение на банки (ХУБ) неодамна најави драстично намалување на мрежата на банкомати, при што се очекува укинување на банкоматите, особено во руралните средини, каде што прометот на банкоматите е помал.

Банкоматите се укинуваат поради зголемените безбедносни трошоци, односно барањето за воведување на т.н. активна електрохемиска заштита.

Забележано е дека значителното намалување на мрежата на банкомати ќе ги принуди клиентите повторно да подигнуваат пари на шалтерите на банките, каде што се плаќа специјален надоместок за оваа услуга. Сепак, не сите банки наплаќаат провизија за подигање пари на шалтер и дека веројатно сите немаат ист план за бројот на банкомати што ќе ги укинат.

Тезата која неофицијално може да се слушне е дека доколку се укинат некои банкомати, во експозитурата секогаш има банкомат од каде може бесплатно да се подигнат пари.

За можно укинување на таксата на шалтер, од тие што ја наплатуваат, не се зборува.

На прашањето дали има смисла да се наплатува такса на шалтер, и да се намалува бројот на банкомати и дали е легитимно да се „оданочуваат“ нечии пари на тој начин, Хрватската народна банка одговори дека „внимателно ја следат ситуацијата“, а бидејќи засега се работи само за најава, сакаат да почекаат натамошен развој на ситуацијата по тоа прашање.

ХУБ претходно објави дека моментално има околу 5.500 банкомати на располагање во Хрватска, што е повеќе отколку во земјите со поголемо население, како Унгарија, Холандија, Словачка, Данска итн. Според податоците Хрватска има најголем размер по бројот на банкомати на 10.000 жители во Европската унија од 13,3.

Здружението на банкарството потсетува дека со последните измени на Законот за заштита на монетарните институции се предвидува банкоматите да се заштитени со електрохемиски систем за заштита, за што се потребни исклучително големи инвестиции и оптимизација на мрежата на банкомати.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести