20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Коосновачот на Твитер Џек Дорси тврди дека инфлацијата во САД ќе ескалира

Коосновачот на Твитер Џек Дорси верува дека инфлацијата во САД ќе ескалира и дека работите значително ќе се влошат.

„Хиперинфлацијата ќе промени сè. Тоа ќе се случи наскоро во САД, па така и во светот“, напиша Дорси на Твитер, за растот на потрошувачките цени во САД, што е блиску до највисокото ниво во последните 30 години, и растечката загриженост дека проблемот би можел да биде уште поголем отколку што очекуваа креаторите на монетарната политика, пренесува CNBC.

Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, во петокот призна дека инфлациските притисоци „најверојатно ќе траат подолго отколку што се проценуваше“, истакнувајќи дека тие би можеле да продолжат „следната година“.

Лидерот на американската централна банка додаде дека очекува ФЕД наскоро да започне со повлекување на вонредните корона мерки за поддршка на економијата, за кои критичарите велат дека го стимулирале растот на инфлацијата.

Покрај следењето на социјалната мрежа, која има 206 милиони активни корисници дневно, Дорси е силен застапник на биткоинот. Тој изјави дека Square, платформа за обработка на дебитни и кредитни картички, чиј коосновач е Дорси, сака да влезе во рударството на оваа криптовалута. Тој веќе поседува одредена сума на биткоин и овозможува тргување со нив.

Дорси е актуелен извршен директор на Twitter и Square.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести