4.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Полицијата синоќа пронашла девет мигранти од Индија во оставено возило во близина на царинскиот терминал кај граничниот премин Богородица

Полицијата синоќа пронашла девет мигранти од Индија во оставено возило во близина на царинскиот терминал кај граничниот премин Богородица, а кое претходно не застанало на знакот за сопирање. Во возилото е пронајден и совозачот, кој е приведен, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

-На автопатот Скопје – Гевгелија, на место викано „Клучка – с.Смоквица“, синоќа во 19 часот полициски сужбеници од Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи со голема брзина кон граничениот премин „Богородица“.  По преземени мерки, во близина на царинскиот терминал биле пронајдени возилото и совозачот Е.Ј.(24) од с.Арачиново, скопско. Исто така, во близина на возилото биле пронајдени и девет лица мигранти од Индија Совозачот бил лишен од слобода, а миграните биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка, наведува МВР во редовниот дневен Билтен.

По целосно документирање на случајот, како што најавуават, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести