Најпопуларниот македонски јутјубер Стефан Лазаров не престанува да ја изненадува јавноста и откако се докажа како водител, а и непрестано поставува стандарди на јутјуб, сега продолжува да се докажува и како музички артист. За прв пат “лансира” целосно свое дело со наслов “Мајко моја”, а ја посветува на својата мајка, но и на својата татковина Македонија.
Спотот е инспириран од животот на младиот јутјубер, а е дело на Владислав Гавриловски, за кој сите ќе се согласиме дека направил вистинско ремек дело.
Ние од медиа.мк сме горди на Стефан, кој уште еднаш докажа дека само небото е граница, а со напорна работа се е возможно. Со сигурност ја “потпишуваме” и пораката на Стефан до младите “ова ни е дом, а домот не се остава”, а треба да биде своевидна мотивација за секој млад човек во Македонија, да се бори дома за своето, и никогаш да не се откажува.
