6.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Поведена постапка за мајка која не го почитувала решението за изолација на малолетната ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата, како законски застапник на дете родено 2019 година, не постапила според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Имено, иако со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат детето било ставено под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од 11.08.2021 година, обвинетата без да го запознае таткото на детето за настанатата ситуација, од 19-22.08 му ја дала ќерката за тој да оствари видување на кое имал право со решение на Центарот за социјални работи.

Таткото се сретнал со детето надвор од неговиот дом, а за одредената задолжителна изолација на ќерката дознал кога на неговиот телефонски број, преку апликацијата Вибер му пристигнало решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетата да одреди парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести