6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Балканскиот рис повторно фотографиран во Националниот парк „Галичица“

Балканскиот рис повторно фотографиран во Националниот парк „Галичица“. Фотографијата од рисот е од фотозамка.

Ретко се случува да се отслика карактерот на едно животно со фотозамка поставена за научни цели. Сепак, оваа камера успеа да направи речиси совршена слика на млада единка балкански рис, која шета низ прекрасните шуми на националниот парк „Галичица“, стои во описот на фотографијата направена од Македонското еколошко друштво.

Андон Бојаџи, раководител на одделението за заштита на природата од НП „Галичица“ вели дека тие имаат и други фотографии од балканскиот рис, но од камери специфично поставени за овој вид. Оваа фотографија е од камерите поставени за сликање на срните.

– Во последните година и пол имаме повеќе фотографии од балканскиот рис на различни локации од НП „Галичица“. ЈП Национален парк „Галичица“ во соработка со Македонско еколошко друштво прави напори да ја процени популацијата на пленот на Балканскиот рис, вклучително и срните кои се плен за балканскиот рис. Таа информација ни е потребна за да можеме некако да процениме колкав е бројот на рисови присутни во НП „Галичица“ и каква е состојбата со пленот. Посредно да се проанализираат условите во живеалиштето за да можеме посоодветно да планираме мерки и активности за поддршка на популацијата на Балканскиот рис – вели Бојаџи.

Интересно е што за да може да се потврди дали една единка е истата или е друга, треба да се земат во предвид бројот и распоредот на дамките, што сепак е специфично со оглед дека тоа треба да се прави преку фотографии.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести