16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Забрчанец: Општините да продолжат да ја зголемуваат својата транспарентност и да бидат во чекор со централната власт која неколку години го држи првото место во регионот

Националниот координатор за стратегиски комуникации на Владата, Марјан Забрчанец денеска учествуваше на дебатата на тема „Како до поблиска соработка меѓу институциите и новинарите во борбата против дезинформации?“, во организација на Фондацијата Метаморфозис како дел од промоцијата на една платформа на WhatsApp за брза комуникација меѓу новинарите и претставниците на институциите и на платформа на Viber апликацијата “ДЕ ФАКТО: само проверени содржини”, каде се споделуваат рецензии на лажни вести со цел да се покрене свесноста и да се спречува манипулацијата на јавноста.

Националниот координатор Марјан Забрчанец истакна дека промоцијата на платформите за брз пристап, добивање и размена на проверени информации е резултат на еден од столбовите на Акцискиот план на Владата за борба против дезинформациите – соработката со сите чинители во оваа борба како што се медиумите, новинарските и граѓанските организации и академијата.

Кон ова, нагласи Забрчанец, треба да се додаде и компатибилноста на новите платформи со другите столбови на Акцискиот план на Владата како што се активна транспарентност, медиумската писменост и системот за брз одговор и реакција на дезинформациите.

Општините мора да продолжат да ја зголемуваат својата транспарентност, нагласи Забрчанец, и додаде дека не смее да се дозволи новите раководства на локалните самоуправи да ги затворат општините и да ја уназадат транспарентноста која на централно ниво неколку години има прогрес.

Во однос на медиумската писменост националниот координатор Забрчанец посочи дека на неа не треба да се гледа само како долгорочна алатка, туку и како на можност за спроведување активности за кревање на јавната свест за критичко размислување и дигитална писменост во заеднички проекти со новинарските и граѓанските организации, како и со академската средина и медиумите.

Новите платформи за комуникација, креирани од Фондацијата Метаморфозис, се во рамките на програмата Медиуми за демократија и заложбата за засилување на борбата против дезинформациите, и се реализираат со поддршка на Владата на Република Северна Македонија.

На апликацијата WhatsApp се поставени четири канали за брза комуникација на новинарите преку директни контакти со соодветните јавни институции за да ја проверуваат вистинитоста на информации пласирани во јавноста на теми од општествена важност за граѓаните како што се: КОВИД-19, Животна средина, Интеграции и Пописот.

На онлајн промоцијата и дебатата денеска учествуваа и Катерина Синадиновска, претседателка на Управниот одбор на Советот за етика на медиумите на Македонија, Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис, Горан Ризаов, менаџер на програмата „Медиуми за демократија“ на Фондацијата Метаморфозис, како и повеќе новинари и претставници на медиумски организации.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести