6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон е хоспитализиран поради инфекција на уринарниот тракт која се проширила во крвта

Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон е хоспитализиран поради инфекција на уринарниот тракт која се проширила во крвта.

Седумдесет и петгодишниот Клинтон е примен во болница во Калифорнија во вторникот, откога е под терапија, јавуваат американските медиуми.

Тој е на интензивна нега, не поради тоа што му неопходно, туку да биде безбеден и да има приватност, рекла д-р Лиса Бардак, докторка на Клинтон.

Клинтон се чуствува добро, разговара со семејството и персоналот, може да станува и да се движи, наведуваат докторите, пренесува Си-ен-ен.

На Бил Клинтон му бил вграден бајпас 2004 година и има два стента. Неговите лекари наведуваат дека оваа хоспитализација нема врска со ковид-19 и срцеви проблеми.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести