Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон е хоспитализиран поради инфекција на уринарниот тракт која се проширила во крвта.
Седумдесет и петгодишниот Клинтон е примен во болница во Калифорнија во вторникот, откога е под терапија, јавуваат американските медиуми.
Тој е на интензивна нега, не поради тоа што му неопходно, туку да биде безбеден и да има приватност, рекла д-р Лиса Бардак, докторка на Клинтон.
Клинтон се чуствува добро, разговара со семејството и персоналот, може да станува и да се движи, наведуваат докторите, пренесува Си-ен-ен.
На Бил Клинтон му бил вграден бајпас 2004 година и има два стента. Неговите лекари наведуваат дека оваа хоспитализација нема врска со ковид-19 и срцеви проблеми.
