13.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

Косовската полиција повторно влезе во Северна Митровица: Српски цивил застрелан во грб, Вучиќ итно се упати во Рашка (видео)

9:05 Косовската полиција објави дека започнала полициска акција во раните утрински часови „со цел да се реализираат стратешките цели во спречувањето на криминалните дејствија, особено во борбата против криумчарењето стока“. Во соопштението се наведува дека операцијата се спроведува во регионите Приштина, Пеќ, Јужна Митровица и Северна Митровица.

Упаднаа во аптеки? Српската државна телевизија РТС објави дека припадниците на косовската полиција затвориле неколку продавници за економски криминал во северниот дел на Косовска Митровица и околните области.
– Упаѓаат во магацини, продавници, аптеките не работат, акцијата ја спроведуваат сами и без консултации и подготовки со полицијата во северниот дел на Митровица – наведува РТС.

Србите излегоа на улиците, а пристигнаа и специјалци. Откако припадниците на косовската полиција интервенираа против насобраните граѓани со солзавец и шок бомби, припадниците на Специјалните полициски сили (РОСА) пристигнаа во северна Митровица од јужниот дел на градот.

11:55 Според косовскиот портал Коха.нет, за време на конфликтот меѓу полицијата и насобраните Срби, оштетени се неколку паркирани автомобили, а еден е опожарен на раскрсницата помеѓу средното техничко училиште „Михаило Петровиќ-Алас“ и бошњачката махала.

12:05 Според Косово онлајн, Србин бил застрелан во градот Звежан, на северот на Косово. Повреден е уште еден граѓанин, но полесно.

– Повредата е нанесена со огнено оружје, тој е застрелан во пределот на градниот кош. Рамото и реброто му се повредени, се подготвуваме за операција за да го отстраниме куршумот. Тој е на интензивна нега и е во тешка состојба – изјави за Косово онлајн хирургот Златан Елек, директор на КБЦ Косовска Митровица. Косово онлајн наведува дека бил застрелан одзади.

12:15 Вучиќ пристигна во Косово: Според провладиниот РТС, српскиот претседател Александар Вучиќ отишол во Рашка на итен состанок со претставници на Србите од Косово.

12.20 Најмалку шест лица беа примени во КБЦ Косовска Митровица, според Косово онлајн.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести