3.8 C
Skopje
сабота, јануари 14, 2023

Не очекува метеорски дожд во ноември

Метеорскиот дожд „Леониди“ се појавува во ноември. Нашата планета секоја година во ноември поминува низ опашката на кометата 55П/Темпел-Татл и тогаш делови од опашката на кометата горат во атмосферата на Земјата. На површината, ние ги гледаме овие делови што горат во атмосферата како ѕвезди што паѓаат.

Името на метеорскиот дожд доаѓа од соѕвездието Лав, од кое изгледа дека метеорите зрачат додека ги гледаме на небото.

Во текот на овој метеорски дожд понекогаш може да се забележат над 1.000 ѕвезди што паѓаат во еден час. Овие метеори што паѓаат се светли и многу брзи. Не се очекува овогодишниот метеорски дожд да биде толку активен, но вреди да се гледа.

Најмногу метеори треба да има ноќта помеѓу 17 и 18 ноември, кога би можеле да се видат до 15 метеори на час, но можеби тешко ќе се гледаат поради Месечината.

Метеорите најдобро може да се видат на место со минимално светлосно загадување, а се препорачува навикнување на очите на темнината за подобро да се забележат.

Метеорскиот дожд може да се види насекаде на северната хемисфера, а најдобро се гледа во часовите пред зората.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img