На овој ден славиме 80 години од мигот кога македонскиот народ ја покажа храброста, решителноста и пожртвуваноста да создаде слободна и независна држава. Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание против фашизмот и празникот темелник на вековната определба на нашиот народ за слобода, мир и свој идентитет. Благодарејќи на херојскиот дух на нашите храбри партизани, денес живееме во самостојна и независна Република Северна Македонија. Напиша Шилегов на својот фејсбук профил
