9.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Рама: Тензиите меѓу Косово и Србија се дел од процесот на дијалогот

Премиерот на Албанија Еди Рама смета дека тензиите меѓу Косово и Србија се дел од процесот на дијалогот што се води со цел да се постигне конечен договор и дека не може да се очекува дека процесот на помирување ќе продолжи мирно и без тензии, пренесува денеска РТК.

Во интервју за шпанската телевизија РТВЕ, Рама посочи дека српското признавање на независноста на Косово е последното поглавје во распадот на Југославија.

– Тензиите се дел од овој процес. Не можеме да очекуваме мировниот процес да тече непречено и без тензии. Добрата вест овде е дека тензиите се јавуваат, но и исчезнуваат, бидејќи двете страни, меѓутоа, комуницираат и се обидуваат да ги најдат потребните решенија за луѓето. Тоа веќе не е како во минатото. Има голема разлика затоа што имаме регионална соработка, со бројни средби, кружни патувања и самити од секаков вид, рече Рама.

Тој нагласи дека „Косово е последниот проблем, кој се уште е отворен и нерешен со распадот на Југославија”. – Без сомнение, признавањето на Косово како суверена и независна држава од Србија е последното поглавје во болната историја на распадот на Југославија, рече Рама.

Прашан за фактот дека Шпанија се уште не ја призна независноста на Косово, Рама рече дека позицијата на официјален Мадрид нема никаква врска со Албанците или Косово, туку со историјата на самата Шпанија и внатрешните проблеми.

– Вистина е, но ние добро знаеме дека позицијата на Шпанија нема никаква врска со каков било проблем поврзан со Албанците или со самото Косово, туку има врска со историјата и нејзините внатрешни проблеми. Се согласувам, но всушност мора да бидеме многу јасни, бидејќи не постои можна споредба помеѓу внатрешните проблеми на Шпанија, во однос на движењето за независност и одвојувањето на Косово од Србија, нагласи Рама.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести