13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

МЗ вчера пријави дури 3.654 оздравени пациенти од коронавирусот уште од август кои оздравеле претходно но досега за нив не се знаело

Министерството за здравство вчера пријави дури 3.654 оздравени пациенти од коронавирусот, уште од август, кои оздравеле претходно, но досега за нив не се знаело.

„Дополнително, при проверка во системот се пронајдени оздравени 3.645 постари случаи кои се прикажани со денешните резултати (од месец август, случаи кои биле хоспитализирани и испишани без да не информираат болниците, странци и лица без матични лекари). Скопје – 1.583, Тетово – 652, Гостивар – 348, Куманово – 304, Кичево – 214, Прилеп – 84, Охрид – 76, Велес – 61, Битола – 48, Струга – 41, Дебар – 39, Струмица – 31, Ресен – 20, Македонски Брод, Делчево и Гевгелија – по 16, Штип – 13, Крушево и Радовиш – по 12, Кочани – 11, Кавадарци – 10, Неготино – 7, Македонска Каменица и Богданци – по 6, Свети Николе – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Пробиштип – 3, Берово – 2, Крива Паланка – 1.“, се вели во вчерашниот извештај на Министерството за здравство.

Не е јасно како досега можело да не се дознае и да не се добие информација за толку голем број на оздравени пациенти.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести