spot_img
9.8 C
Skopje
недела, октомври 10, 2021
spot_img

ЕВЕ КОИ СЕ НАЈЗДРАВИТЕ ДЕЦА

Нормално е родителите да се грижат за хигиената и безбедноста на своето дете, затоа многумина деновиве претпочитаат децата да играат дома наместо надвор. Како резултат, добиваме деца кои подоцна немаат желба да играат на отворено, туку полесно им е да одберат технологија.

Многумина од нас со радост се сеќаваат на детството, во кое врвот на креативноста ни е (сме го достигнале) во играта со кал и песок!

На децата им било забавно, а на родителите јасно – каде има дете кое не се валка? Не оставале да се тркаламе во песок, трева, кал, колку сакавме, навечер се бањама и приказната е завршена. Без карање, без гнев поради дамките, сите имавме работи за игра и работи кои нѝ биле потребни за „кога одиме некаде“.

Покрај тоа што ни било забавно, науката потврдила дека играњето во песок и кал е многу добро!

Денеска многу деца се отуѓени од природата

Нормално е родителите да се грижат за хигиената и безбедноста на своето дете, затоа многумина денес претпочитаат децата да играат дома наместо надвор. Како резултат, добиваме деца кои подоцна немаат желба да играат на отворено, туку да изберат технологија.

„Нашите деца и децата на нашите деца се најотуѓени од природата во историјата“, истакна Richard Louv, автор на студија во која анализира 3.000 семејства со деца.

Педијатарот Maria Júlia Carvalho се согласува со Louv и инсистира на тоа дека децата мора да бидат во контакт со микроорганизмите кои се наоѓаат во почвата и тревата, за да може нивниот имунитет да се развие правилно. Чистењето по дете после игра во кал може да биде напорно, но мора да се потрудите да најдете средина, бидејќи овие нехигиенски игри се од суштинско значење за вашето дете.

Кога ќе се зајакне имунитетот на овој начин, во иднина детето ќе биде поотпорно на болести и алергии. Покрај тоа, Louv вели дека игрите во природата ја стимулираат креативноста, го минимизираат стресот и депресијата, и овозможуваат подобар когнитивен развој.

Истото важи и за животните! Студијата објавена во рецензираното списание за алергија и клиничка имунологија покажала дека децата кои живеат и растат со животни како кучиња и мачки уште од рана возраст, со помала веројатност развиваат алергии затоа што овие деца живеат меѓу ендотоксини, еден вид бактерии што се наоѓаат во прашината и околината. А кои помагаат во зајакнувањето на имунитетот.

Едноставно – така функционира имунитетот

Имунитетот е она што го штити човекот од надворешни „напаѓачи“, како што се микроби и бактерии, кои се закана за здравјето. Ова успешно се извршува со откривање на супстанции кои можат да предизвикаат болест и инфекција, а потоа следи борба против нив.

Но, за борбата да биде успешна, имунитетот мора да се навикне на микроорганизмите од надворешната средина. Како што децата растат, тие стануваат поотпорни на одредени микроби затоа што веќе биле изложени и нивниот имунитет веќе „го познава непријателот“ и „тактиката“ како да го нападнат.

Без контакт со микроорганизмите, имунитетот станува се поподложен на супстанции кои не се инаку патолошки, како што се поленот или животинските влакна, по што децата развиваат алергии. Richard Louv посочува дека држењето деца на дистанца од природата го ограничува развојот на нивната креативност. Децата кои не комуницираат со природната околина, имаат недостаток на физички стимули и немаат директно искуство на кое би можеле понатаму да ја развиваат својата имагинација.

Тој додава дека престој во природа е феноменална превенција на дебелината, затоа што децата надвор се физички активни, додека причината за епидемијата на дебелите деца лежи во трошење премногу време зад затворени врати.

Дали дозволувате вашите деца да си играат со кал и песок? Споделете ги вашите размислувања со нас во коментарите подолу!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести