spot_img
11.8 C
Skopje
недела, октомври 10, 2021
spot_img

Внука на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини, освои најмногу гласови на изборите за градскиот совет во Рим

Рашел Мусолини, внука на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини, освои најмногу гласови на изборите за градскиот совет во Рим, покажаа официјалните резултати.

Застапувајќи ги Браќата на Италија (Fratelli d’Italia), која доаѓа од неофашистичката конзервативна партија на Италијанското социјално движење, Мусолини доби 8.264 гласови, пишува Си-Ен-Ен.

Во интервју за весникот „Ла Република“, Мусолини вели дека верува дека гласачите биле помалку фокусирани на нејзиното презиме, а повеќе на „иницијативите“ што ги започна за време на нејзиниот мандат во градскиот совет.

Запрашана за нејзините ставови за фашизмот, таа изјави: „За да се занимаваме со оваа тема, ќе треба да разговараме до утре наутро“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести