Пристигна и последната пратка од вкупно 4000 уреди за отпечатоци пристигна во ДИК.
Во текот на наредната недела ќе почне нивната распределба на вкупно 3480 избирачки места колку што ќе бидат отворени и на овие избори.
Лицата кои не се во состојба да се идентификуваат на овој начин, ќе се контролираат на стариот начин, со УВ ламба и спреј.
За разлика од последниот изборен циклус кога имаше продолжено гласање, на овој се враќаме на старо. Гласачките места се отвораат во 7 часот а гласањето ќе трае до 19. На овие избори право на глас имаат 1.824.864 гласачи речи си 10.000 повеќе од последните парламентарни избори одржани пред 15 месеци.
