Текстописецот Марина Туцаковиќ почина на 19 септември, а зад себе остави бројни хитови кои долго ќе се пеат. Сепак, некои песни кои ги напишала се уште не се објавени, а една од нив треба да се најде и на новиот албум на Наташа Беквалац.

Она што многумина ги натажи е името на оваа нумера која ќе се вика “Излекувана“. Иако тоа веројатно се однесува на животот на пејачката, но кога ќе се согледа ситуацијата врзана за болеста на Марина, кај многумина ваквиот наслов предизвикува тага.
– Не можам да кажам дека таа песна лекува душа, повеќе би рекла дека заборува за душата, рекла Наташа.
