Земјата на изгрејсонцето се наоѓа во таканаречениот појас на пацифистичкиот Огнен прстен.
Најмалку 17 лица се повредени, од кои едно е потешко, во силниот земјотрес со јачина од 6,1 степен кој денес го погоди Токио и околните подрачја, пренесува националната телевизија НХК.
Поради земјотресот запрен е железничкиот сообраќај и метрото. Одговорните соопштиле дека не е направена голема материјална штета, ниту има опасност од појава на цунами.
На скалата на интензитети која се користи во Јапоника, овој земјотрес е означен со “пет плус“, што е ниво кое може да предизвика општетување на згради и прекин на струја, пренесува Ројтерс.
Ова е втор земјотрес во Јапонија за два дена, откако вчера на североисток на земјата беше регистриран потрес со јачина 5,9 степени во кој се повредени три лица. Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан на брегот на Ивате на длабочина од 56 километри.