3.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Од почетокот на епидемијата бројот на оздравени пациенти е 175 881, а на починати 6758

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 193 458, од кои во моментов активни се 10 819, откако вчера беа регистирани 406 нови случаи од вкупно направени 3 149 тестирања.

Најголем број активни случаи има во Скопје и тоа 5217, а потоа следуваат Куманово со 961 и Тетово со 836. По четири активни случаи има во Демир Капија и Пехчево, а само еден во Дојран.

Од почетокот на епидемијата бројот на оздравени пациенти е 175 881, а на починати 6758.

Досега во земјата се направени вкупно 1 308 188 тестирања на ковид-19.

Надлежните аплираат граѓаните да ја искористат можноста и да се вакцинираат. Околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците, соопшти вчера Министерството за образование и наука.

Со одлука на Владата училиштата одржуваат онлајн-настава за оние ученици за кои родителите ќе го побараат тоа од медицински и од немедицински причини. МОН очекува дека со континуираната имунизација ќе се обезбеди дополнителна сигурност и услови за продолжување на наставата со физичко присуство.

Од понеделник треба да почне и најавениот скрининг на околу 8200 ученици во основните и средните училишта со цел да се добие податок дали има трансмисија на вирусот во училиштата. Тестирањето за присуство на ковид-19 со земање брис ќе биде по случаен избор на учениците од регистарот на Е-дневник и со согласност на нивните родители.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека е планирано скринингот да трае пет дена и дневно по околу 1.600 деца да бидат тестирани во самите училишта од мобилни екипи.

Од ресорното Министерство информираат дека вакцинацијата се одвива непречено. Заклучно со 5 октомври, вкупно се вакцинирани 792 174 граѓани, ревакцинирани се 740 822, а трета доза примиле 499 граѓани.

Ревакцинирани се 53 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години.

Низ земјава почна вакцинација и со трета доза. За почеток трета доза ќе примат здравствените работници, кои пред повеќе од шест месеци се ревакцинирани, а претстои вакцинација и на населението.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести