20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Најмалку 20 лица загинаа во денешениот силен земјотрес кој го погоди Пакистан (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица загинаа, а голем број се веројатно затрупани под урнатините во денешениот силен земјотрес, кој го погоди југозападниот дел на Пакистан, јави ДПА.

Земјотресот ја погоди провинцијата Балуџистан во близина на границата со Иран в зори, додека луѓето спиеја.

Пакистанската метеоролошка служба соопшти дека јачината на земјотресот била 5,9 степени. Епицентарот е на околу 100 километри западно од главниот град на провинцијата Квета. Стотици куќи се целосно уништени во најтешко погодениот округ Харнаи.

– Најмалку 300 луѓе добиле медицински третман во болниците, рече провинцискиот министер за внатрешни работи, Зија Лангов.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести