6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

УБИЈЦИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ЃОКИЌ НАПРАВИЛЕ ГРЕШКА – ОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ДО НИВНО АПСЕЊЕ

Убијците на семејството Ѓокиќ направиле фатална грешка за време на егзекуцијата, и поради тоа тие ќе бидат уапсени многу скоро, тврди форензичкиот експерт Часлав Ристиќ.

Во разговор за „Мондо“, криминологот открива дека местото на злосторот укажува дека егзекуторите веројатно брзале, па на Горан успеале да му ја запалат само главата, и како што вели, токму поради ова постојат големи шанси некои од нивните биолошки траги да останале на остатокот од трупот.

Познатиот форензичар нагласи дека убиството е извршено аматерски, поради што ќе останат многу траги за истражителите.

Убијците најверојатно брзале, бидејќи телото на Горан Ѓокиќ остана целосно недопрено, само главата му беше запалена. Тоа им дава на форензичарите многу можности да најдат некаква биолошка трага од убијците. Од друга страна, на труповите на Гордана и Лидија, кои се целосно јагленисани, има помала надеж дека ќе се најде некоја клучна трага, потенцираше Ристиќ.

Многу е веројатно дека важен материјал или биолошки траги останале некаде и на запалениот автомобил, додава тој.

Ако во злосторството биле вклучени повеќе сторители, сигурно направиле некои грешки и биле невнимателни. Ќе има многу докази, рече форензичарот.

Ристиќ смета дека најмногу за две недели ќе се дознаат егзекуторите на семејството Ѓокиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести