Пејачката Лепа Лукиќ често открива пикантерии од својот живот, а сега раскажа дека сакала да се убие кога имала 16 години, и тоа поради забранета љубов.
Бев смртно вљубена во едно момче кога имав 16 години и сакав да се убијам заради него, да се обесам во шталата. Ѝ се заканував на мајка ми дека, ако не ми дозволи да го видам, ќе скокнам во реката, но лажев“, откри таа во позната ТВ-емисија.
Тој живее во Сремска Митровица, а јас имав концерт таму. Кога излегов на бината и го видов во првиот ред, се стаписав. Тој дошол да ме види и да ме поздрави, а мене нозете ми се пресекоа, како да не беа мои се смее)… но помина и тоа. Тој ми беше љубов во младоста, а тогаш веќе имав 30 години и веќе никогаш не би била со него“, откри пејачката.
