spot_img
9.8 C
Skopje
недела, октомври 3, 2021
spot_img

Вакциналниот пукнт кој се наоѓаше во малата сала во СЦ Борис Трајковски e повторно затворен

Вакциналниот пукнт кој се наоѓаше во малата сала во СЦ Борис Трајковски, повторно е затворен. Тој беше најголем функционален пункт и од синоќа повеќе не е во функција.

Тоа се должи на намалениот интерес на граѓаните за вакцинирање. Од Министерството за здравство информираат дека повторно ќе биде отворен доколку има потреба.

– Како друга причина за затворање на овој пункт е тоа што просториите на центарот се потребни за други активности.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, најмногу граѓани вакцинирани со прва доза има во Охрид, Кавадарци, Гевгелија и Неготино. Најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид, Кавадарци, Гевгелија и Неготино. Најголем опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Д.Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип. Помеѓу 40-50% опфат на вакцинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, М.Брод, Скопје и Тетово.

Најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш-велат од Министерството за здравство.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести