6.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Романската влада воведе нови ограничувања за да го спречи растот на нови инфекции со коронавирус

Романската влада воведе нови ограничувања за да го спречи растот на нови инфекции со коронавирус, вклучувајќи задолжително носење маски на отворено и полициски час за невакцинирани луѓе за време на викендот, но одлучи да ги држи училиштата отворени.

Бројот на нови инфекции со „ковид-19“ во Романија вчера достигна 12.032, што е нов рекорд од почетокот на пандемијата, а единиците за интензивна нега низ целата земја останаа без слободен кревет.

Романија ја има втората најниска стапка на вакцинација во Европската унија, пренесува Ројтерс.
Романската влада воведе обврска за носење маска и на внатрешни и на надворешни јавни простории на места каде што инциденцата надминува 6 на 1.000 луѓе.
Пристапот до ресторани, спортски сали, театри, кина и други затворени простории ќе биде обезбеден со половина капацитет и само за луѓе кои биле целосно вакцинирани или веќе биле заразени со вирусот.

За време на викендот ќе биде воведен полициски час за оние кои не се вакцинирани.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести