1.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Холандија и Шведска воведоа нови правила за влез во земјите за нашите државјани!

Холандија и Шведска воведоа нови правила за влез во земјите за нашите државјани!

Имено, двете земји донесоа одлуки за олеснување на ковид мерките за комплетно вакцинираните македонски граѓани, а тоа значи дека со последната одлука на Кралството Холандија се укинува задолжителниот карантин од десет дена за оние патници кои се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји, каде спаѓа и Република Северна Македонија.

Повеќе информации за улсловите за влез во Холандија можете да прочитате нивните линкови:  wijsopreis.nl и  reizentijdenscorona.rijksoverheid.nl

Во исто време и Кралство Шведска ја укина привремената забрана за влез во земјата. Со најновата одлука усвоена од Владата на Кралство Шведска, луѓето кои патуваат во Шведска и коишто можат да презентираат сертификат за вакцинација издаден во Северна Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или Ватикан, се ослободени од забраната за влез и од условите за тестирање.

Инаку, според одлуката на Европската комисија, сертификатите за вакцинација издадени во овие земји се еквивалентни на дигиталниот COVID сертификат на ЕУ (што значи дека таквите сертификати можат да се проверат и потврдат на ист начин со користење на истите технички системи како и сертификатот на ЕУ).

Соодветно на високата стапка на вакцинација, слични олеснителни мерки коi би се примениле наскоро најави и Белгија, и тоа почнувајќи од први октомври.  Покрај проширувањетo на употребата на КОВИД сертификатот, од Белгија најавија и намалување или целосно укинување на обврската за носење заштитни маски.

На следниот линк, подетални информации за протоколите на патување во сите држави во светот: https://mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести