13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВО АЛБАНИЈА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НА ПЛАНТАЖА ЗА МАРИХУАНА: ДИЛЕР УБИ ПОЛИЦАЕЦ, ПА САМ СИ ПРЕСУДИ

Во акција на албанската полиција против лица кои одгледувале марихуана во Љежа загина полицаец, додека напаѓачот потоа се застрелал самиот во главата.

Серија трагични настани започнала откако полицијата запрела сомнително возило недалеку од плантажа со марихуана, по што А. Рама излегол од возилото и пукал во припадниците на безбедносните сили.

Еден од куршумите го погодил полицаецот С. Хоџа, кој починал на пат кон болница.

Рама избегал од местото на настанот веднаш по пукањето, но специјалците го лоцирале и го опколиле, по што напаѓачот се застрелал во главата.

Уште двајца млади мажи биле уапсени во полициската акција.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести